Човек кој што требал да лежи доживотен затвор за 20 долари конечно е на слобода по 12 години

Фејт Винслоу бил бездомник во 2008 година, кога полицаец на тајна задача му пришол и од него побарал да му најде марихуана за 20 долари и девојка. Бидејќи девојка не можел да му обезбеди Фејт го земал велосипедот и тргнал од главниот дилер да земе марихуана. Набргу откако се вратил, тој бил уапсен.

Главниот дилер не бил приведен иако полицијата кај него ја пронашла обележаната банкнота од 20 долари. Фејт кој имал три претходни ненасилни кривични дела бил осуден на доживотен затвор во Луизијана. Неговиот случај го привлече вниманието на Проектот за невиност и благодарение на нив по долги 12 години поминати зад решетките Фејт е на слобода.

„Јас сум многу среќен, човеку. Откако бев ослободен, можев да бидам со моето семејство минатата ноќ и не можам да го објаснам тоа. Јас сум многу среќен.“, вели Фејт.

Адвокатот на Фејт воопшто не се потрудил да го одбрани и тоа е една од причините поради кои добил толку страшна казна за ситно дело. Ќерката на Фејт вели дека нејзиниот татко бил „предолго затворен“ и дека е „благодарна“ за неговото ослободување.

„Јас и татко ми се зближивме додека тој беше затворен. И покрај тоа што беше затворен, тој беше тука за мене кога ми требаше. Едвај чекам да го вратам татко ми целосно во мојот живот.“, додава таа.

Организацијата работи напорно за да ослободи стотици луѓе кои издржуваат доживотен затвор за ненасилни злосторства во Луизијана. Ова е една од причините зошто Луизијана се нарекува „престолнина“ на затворите во светот.