Човек кој тврди дека е реинкарнација на Исус е уапсен во Русија
Руските власти уапсија водач на култ кој тврди дека е реинкарнација на Исус по обвинувањата дека користел пари на следбеници и психолошко насилство за да нанесе штета.
Сергеј Тороп, познат на неговите следбеници како Висарион Христос Учител, е водач во комплексот „Црквата на последниот завет“ во јужниот округ на сибирскиот регион Краснојарск. Рускиот истражен комитет денеска соопшти дека лидерот на култот и двајца негови заменици, вклучувајќи го и поранешен рок-музичар Вадим Редкин, биле приведени откако властите упаднале во комуната со комбиња и хеликоптери.
Тороп порано работел како сообраќаен службеник, но станал познат како Висарион по падот на Советскиот Сојуз, кога ја основал својата заедница – која се споредува со култ.
Тој сега го поминува своето време тврдејќи дека е Исус и ги „поучува“ своите следбеници, за кои вели дека се илјадници. Тој напишал „продолжение на Библијата“ со 10 тома и живее во удобна вила, додека неговите следбеници живеат во дрвени колиби во близина.
Истражниот комитет тврди дека водачите на култот „ги користеле парите на своите членови и психолошкото насилство“ со цел да „генерираат приходи од религиозни активности“.
Религиозната организација на Тороп е официјално регистрирана во Министерството за правда на Руската Федерација, а околу половина од нејзините следбеници живеат на територијата на Краснојарск. За да ја почитуваат религијата, следбениците не смеат да пушат, да пијат или да разменуваат пари и мора да прифатат едноставен живот во дрвена колиба.