Човек кој забележал дека куклите на неговата сопруга се однесуваат чудно решил да ги сними и остана преплашен

Има неколку филмови каде што играчките се морничави и опседнати и ги малтретираат луѓето, како на пример Анабел или Чаки, но ретко кој верува во овие работи дека се случуваат во реалноста.

Сепак еден ќовек тврди дека тоа се случува во неговиот дом. Викторија, сопругата на Чад Гасет има колекција од стари порцелански кукли кои ги чува во стаклена витрина.

Чад вели дека досега неколку пати ги забележал куклите како се поместуваат и затоа решил да ги „увери“ и другите па ја вклучил камерата и чекал. Прв пат ја доживеал „паранормалната“ активност во јануари кога една од куклите според него буквално се „прошетала“ по витрината, а вториот пат бил на почетокот на претходниот месец. Сите настани се случувале кога неговата сопруга не била дома.

Чад вели дека пред неколку дена куп облека кој го оставил на креветот го пронашол на земјата иако немало никој дома и во таа просторија во тој момент. Тој толку се исплашил што се заклучил во спалната соба и чекал неговата сопруга да се врати од работа, или чекал некоја од куклите да дојде по него, не знаеме…

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.