Човек од Грција ставен на условна казна затвор поради тоа што им ги „душкал“ чевлите на соседите и се прикрадувал во нивните домови: „Не можам да го објаснам мојот фетиш!“
Еден човек во Грција добил условна затворска казна од еден месец затоа што ноќе се прикрадувал во домовите на своите соседи и ги мирисал нивните чевли.
28-годишниот маж, кој пред судот во Солун изјави дека не може да го објасни својот фетиш, во суштина е ставен на условна казна и наредено е да побара терапија. Тој објасни дека необичниот чин навистина му предизвикал многу срам – и дека немал намера да повреди некого или да го прекрши законот. Соседите сведочеле дека тој никогаш не покажувал никакви знаци на непријателско однесување.
Човекот бил уапсен во Синдос, на околу 15 километри западно од Солун во северна Грција во раните утрински часови на 8 октомври.
Еден од соседите, кој ги оставил чевлите на неговото семејство надвор пред куќата за да можат да се проветруваат, го видел човекот како ги душка, но ова не било првпат да биде фатен на дело.
Во изминатите шест месеци, се случиле три слични инциденти, иако соседите побарале од семејството на мажот да интервенира и да го натераат да престане да ги душка нивните обувки.
Коментирај анонимно