Човек од село на нутриционист (виц)
Човек од село оди на доктор. Го упатиле на диетолог-нутриционист. Докторот му вели:
– Значи вака, еве ја Вашата диета: На ден ќе јадете по 300 грама варени тиквички, 100 грама лисови од цикорија и колку сакате зелена салата.
– Докторе, а ѕвонче на вратот треба ли да си врзам или може и така да пасам?
