Човек опседнат со 90 -тите живее во временска машина и користи само застарена технологија

Џек Волтерс, од Бејквел, Дербишир, Англија го носи изразот „живее минатото“ на следното ниво. Иако понекогаш се чувствуваме носталгично, колкумина од нас всушност користат ТВ од 1989 година, или касети?

Севкупно, илустраторот Џек потрошил околу 5.000 фунти (6.816 долари) за сите антиквитети од 90-тите, од стари будилници и стари Нокиа мобилни телефони, до каталози на Икеа и фармерки Левис со висок струк.

Очигледно, момчето има голема страст за деценијата, што малку невообичаено со оглед на тоа што има само 23 години, што значи дека не бил ни роден за да го искуси поголемиот дел од деценијата.

Објаснувајќи како настанала неговата посветеност, Џек рече: „Почна кога јас ја рековирав куќата на моите родители за да изгледа како онаа во која растев“.

„Никогаш не уживав во модерното украсување со сите сиви нијанси“.

„Кога се преселивме во оваа куќа пред две години, беше бела и здодевна“.

“Куќата е резултат на многу талкање по продавници на старо и Ибеј. Добивам и  поклони од луѓе што ме знаат. Ќе видат нешто старо и ќе си речат:” Еј, Џек ќе го обожава ова”.”

На Џек не му е грижа што мислат луѓето за неговиот начин на живот, бидејќи секој си има нешто во кое ужива.

Тој објасни: „Во 1990 -тите, имавме доволно технологија за да не забавува, но не доволно за да се чувствуваме преоптоварени“.

„Сега имаме толку многу различни медиуми што може да биде малку поразително. Убаво е да се избега од тоа“.

“Тоа е бегство од модерниот свет. Некои луѓе одат во теретана, некои играат видео игри, јас го правам ова“.