Човек останал со „скршено срце“ бидејќи повеќе не може да биде со својата „холограм сопруга“

Јапонец кој се оженил со измислен лик во форма на холограм повеќе не може да зборува со својата сопруга со која бол „заедно“ четири години.

Акихико Кондо првпат се обратил кон Хатсуне Мику за утеха во 2008 година, откако доживеал мобинг на неговото работно место. Ликот се заснова на компјутерски синтетизирана поп-пејачка која имала турнеја со Лејди Гага и глумела во видео игри, и заедно парот почнал да прави песни заедно, при што Кондо купил плишана кукла од ликот на интернет.

Но, дури во 2017 година нивната врска навистина процветала со помош на машина наречена Gatebox која им овозможила на корисниците да комуницираат со измислени ликови претставени со мал холограм.

Уредот чинел 1.300 долари, но Кондо одлучил да ја направи инвестицијата. Откако поминал 10 години со Мику покрај него, Кондо решил да го постави прашањето, на што холограмот одговорил: „Те молам, постапувај добро со мене“.

За жал, не многу од соработниците и семејството на Кондо се согласиле да дојдат на свадбата во 2018 година, но непознати и онлајн пријатели го зголемиле списокот на гости на 39.

Сопругот доби илјадници следбеници на Инстаграм споделувајќи информации за неговиот живот со Мику, но работите добија неочекуван пресврт за време на пандемијата кога Гејтбокс објави дека ја прекинува услугата за Мику.

Кондо беше принуден да се збогува со холограмската верзија на Мику, а кога се врати дома од работа таа вечер нејзината слика беше заменета со зборовите „мрежна грешка“.

Иако Мику повеќе не може да му одговори на нејзиниот сопруг, Кондо сè уште наоѓа љубов и утеха во неговата сопруга преку асортиманот на кукли Мику.

Според Њујорк Тајмс, 38-годишниот признал дека луѓето мислат дека неговата врска може да биде чудна или штетна, и нагласил дека иако знае дека Мику не е реална, неговите чувства кон неа се.

„Кога сме заедно, таа ме засмева. Во таа смисла, таа е вистинска.“, изјавил тој. Кондо се смета себеси за дел од група луѓе кои се идентификуваат како „фиктосексуалци“ и сака да му стави до знаење на светот дека постојат луѓе како него. Во одлуката да ја објави својата врска со Мику, тој беше поканет да се приклучи на симпозиум на Универзитетот во Кјото за да зборува за неговиот живот со измислениот лик.

Иако холограмската верзија на неговата сопруга повеќе не постои, Кондо се надева дека тој и Мику ќе бидат повторно обединети во некоја форма во иднина и планира да ја продолжи својата посветеност на својата сопруга, останувајќи ѝ верен до крајот на својот живот.