Човек поминал 6 месеци карантин во „град на духови“ откако го купил за 1,4 милиони долари

Запознајте го Брент Андервуд, момчето кое ги помина последните 6+ месеци живеејќи во Серо Гордо, град на духови. Значи, Серо Гордо, градот на духови од 120 хектари порано бил најголемиот производител на сребро во Калифорнија со околу 4.000 луѓе низ 400 куќи. Во текот на целата своја историја, жителите успеале да ископаат сребро во вредност од околу 17 милиони долари – 500 милиони долари денес откако би се прилагодиле на инфлацијата.

Но, рудниците пресушија, а исто така и градот. Брент сега е единствениот жител во град со 22 згради, 7 мачки и 4 кози. Брент и неговиот пријател Џон Биер го купиле градот во 2018 година за 1,4 милиони долари надеж дека ќе го обноват и ќе го направат автентична туристичка атракција. Тој ја потрошил целата животна заштеда за овој сон.

На почетокот на 2020 година коронавирусот удри и Брент одлучил да се самоизолира во Серо Гордо. Првичниот план бил да остане 3-4 недели, бидејќи тој сметал дека толку ќе трае карантинот, но тој завршил таму повеќе од 6 месеци – прво поради снежното невреме и пандемијата, а потоа затоа што се заљубил во местото.

„Колку повеќе време поминувате во Серо Гордо, толку повеќе ве маѓепсува“, вели Брент кој почнал да го преуредува местото. Тој расчистува и реновира, главната куќа ја подготвил за гости, гаражата повторно ја направил капела, бараката во просторно привлечно писателско прибежиште и продавницата во музеј.