Човек потона во солзи откако повторно се „обедини“ со починатата сопруга благодарение на науката

Еден човек се расплака откако се обедини со својата почибата сопруга користејќи виртуелна реалност и тој нема да биде единствениот кој ќе плаче до крајот на видеото. Оваа средба е направена како дел од ТВ-документарец што создава искуства со виртуелна реалност за да им се овозможи на тажните членови на семејството да се „спојат“ со нивните најблиски.

Маж од Јужна Кореја, Ким Јунг-су, се појави во документарниот филм на МБЦ со наслов [превод од корејски] „Те запознав“ за да ја види неговата покојна сопруга повторно.

Биле потребни шест месеци да се подготват за повторната средба на двојката, бидејќи тие пресоздале разни движења на интеракција и гласот на сопругата на Ким. Ова било постигнато со користење на гласот на една актерка за да може нејзиниот звук да биде што поблизу до оној на сопругата на Ким.

Неговата сопруга починала од опасна болест и тој бил оставен сам да се грижи за нивните пет деца. Таткото на петте деца имал уште една желба во животот, а тоа било да ја види својата сопруга, „дури и само нејзината сенка“, за последен пат.

Јонг-Јун, втората најстара ќерка на Ким, раскажала за слаткиот однос кој го имале нејзините родители. Таа објаснува: „Тој ќе ја бакнуваше од време на време кога работи, кога јаде или кога гледа телевизија. Дури и кога мајка ми беше болна и ја изгуби косата, татко ми ќе речеше дека е убава и ја носеше наоколу.“