Човек „прелетал“ со дрон над Северна Кореја – сликите и снимките што ги направил ги преплашија луѓето што ги видоа
Постојат ризици во животот и постои летање со дрон над Северна Кореја. Оние кои живеат во земјата, со која владее семејството Ким веќе три генерации, мора да се придржуваат до некои ужасно сурови правила – како и туристите и оние кои управуваат со дронови од Кина.
Покрај тоа што социјалните мрежи и онака се забранети за повеќето луѓе, исто така и фотографирањето е сериозно ризична работа.
Според „Smart Traveller“, „властите може да проценат многу активности како шпионирање“, а добивањето снимки од што било друго освен назначени јавни туристички места е нелегално. Се вели дека правењето фотографии кои не ја глорифицираат Северна Кореја е кривично дело.
Поради сите овие сурови правила и прописи, ретко добиваме увид како е всушност во оваа озлогласена таинствена земја, откако Ким имаат огромна контрола врз својот народ.
Така беше се додека еден корисник на „Редит“ – познат како @XiaoHao2 – не одлучи да ризикува и да лета со својот дрон во и надвор од Северна Кореја. Тој тврди дека снимил серија фотографии и снимки кои докажуваат како изгледа секојдневието во земјата на Ким.
Корисниците на социјалните мрежи сметаат дека неговите клипови и фотографии се „фасцинантни“ – но,сепак, мнозинството луѓе беа повеќе преокупирани со нешто што го забележаа на снимките. Едната слика покажува голема зграда на која беа прикажани портретите на севернокорејскиот основач Ким Ил-сунг и Ким Џонг-ил.
XiaoHao2 снимил надземни снимки од улици, станбени области и деловни области, и заклучокот е дека Северна Кореја личи на земја на духови. Имало само неколку автомобили на улиците, што е нешто за што ние луѓето од другите земји можеме само да сонуваме. Според човекот, тој ги направил снимките за време на пандемијата од КОВИД во 2020 година додека на другата страна од светот се случуваше хаос.
Другите корисници на социјалните мрежи беа позагрижени за тоа во колкав ризик се ставило момчето со тоа што го пуштило дронот над Северно Корејското небо. Тој се пошегувал дека „имал среќа што не бил соборен од проектилите на Каоксиан“, а потоа ги уверил луѓето кои биле во тек дека „сè уште е жив“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно