Човек пронашол морничаво шише во кое освен другите работи содржело и човечки заби, а неговата намена била уште побизарна

Шејн Мерс можеби работи како шанкер, но неговата страст лежи „под земјата“. 52-годишникот го поминува своето слободно време трагајќи по историски мошти и интересни работи на места каде што некогаш имало стари куќи или пак на местата каде булдожерите ја исфрлаат земјата. Без разлика дали станува збор за куршуми од граѓанска војна или делови од воени униформи, неговите богатства се разновидни.

Сепак на почетокот на месецот додека барал низ калта во Алгиер Поинт пронашол нешто необично, што не се вклопува во неговата вообичаена колекција. Тој пронашол шише со бизарна содржина. Во шишето имало: коса, заби од возрасна личност, бубачки и најверојатно урина. Шишето гпо пронашол на место каде што претходно бил лоциран дом од 1800-тите. Шишето кое исто така е од тој период најверојатно е „вештерско шише“, кое служело како еден вид на „заштита“ на земјиштето.

Но, ова не мора да значи, бидејќи вакви шишиња биле користени и за Вуду, за фрлање на магии. Многу суеверни луѓе коментирале на објавата на Шејн дека треба да го врати шишето назад, како на пример еден од нив бил: „Брат, доста ни беше за оваа година, врати го назад.“

„Размислував да го донирам на еден од музеите. Тоа би било најдобриот дом за него. Би било супер доколку утре на пример моите внуци влезат во музејот за да видат што има откриено нивниот дедо.“, вели Шејн.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.