Човек пронашол неочекувано богаство откако отишол да се забавува со пријателите во парк

Кевин Кинард, од Маумел, Арканзас, заедно со група пријатели одлучил да го посети „Државниот парк Арканзас“ и решиле од забава да ја пребрауваат областа наречена „Кратер на Дијаманти“. Тој не очекувал дека веднаш ќе пронајде нешто неверојатно. Тој здогледал необично камче и откако им го покажал на вработените во паркот, не можел да си поверува на сопствената среќа.

33-годишниот Кинард никогаш порано не пронашол дијамант. „Некако изгледаше интересно и сјајно, па го ставив во торбата и продолжив да барам“, вели тој во изјавата. Тој не размислувал многу за камчето, претпоставувајќи дека тоа е само парче стакло или нешто слично и продолжил да бара низ паркот уште неколку часа. Дури кога тој и неговите пријатели запреле во центарот за откривање дијаманти во паркот, сфатиле дека откриле нешто важно.

Управителот на филијала на банка вели: „Јас скоро и да не сакав да ги проверам моите откритија, бидејќи не мислев дека сум нашол нешто. Мојот пријател, сепак, ги провери, па затоа дозволив да ги проверат и моите.“

По неколку минути, управителите на паркот го повикале Кинард во канцеларијата и му рекле дека открил дијамант тежок повеќе од девет карати. Не само тоа, туку тој всушност беше и вториот по големина дијамант пронајден во историјата на паркот.

Откако го регистрирал својот дијамант, Кинард го однел дома и оттогаш го нарекол „Дијамант на пријателство“ во чест на неговите пријатели. „Ние сакаме да патуваме заедно и си поминавме толку убаво тука. Тоа беше многу убаво искуство.“, вели тој.