Човек се јавил во полиција за да пријави група диносауруси во локалниот парк

Минатата сабота, 3 Април, Саманта Кларксон, нејзиниот сопруг и пријателите организираа „трка со диносауруси во парк“ во Болтон, САД, за да ги забавуваат своите деца.

Очекувано, глетката на пет возрасни возрасни лица облечени како диносауруси со височина од 2 метри, привлече и други мали деца во паркот, кои со задоволство гледаа како диносаурусите ja звршуваат трката.

Сепак, Кларксон рече дека работите тргнале наопаку кога еден човек се приближил до групата и прашал дали тие добиле дозвола.

Таа рече дека на почетокот се чинело дека човекот е заинтересиран само за тоа што прават, но откако дознала дека групата нема дозвола, тој повикал полиција.

„Ние си поминувавме многу убаво и децата уживаа, тогаш откривме дека некој идиот и се јавил на полицијата, не ми се веруваше. Само се обидувавме да расположиме некои деца по толку мизерна година, не повредивме никого “, рече Кларксон.

Таа додаде: „Немавме друг избор освен да заминеме затоа што не сакавме да ризикуваме да бидеме уапсени, иако гледањето на полицијата како ги брка диносаурусите ќе беше смешно“.

„Беше срамота затоа што децата немаа многу што да прават во текот на изминатите 12 месеци, па затоа сакавме да излеземе облечени вака.“