Човек се спријателил со неговата „вечера“ откако таа изненадувачки оживеала

Канаѓанец доживеал шок откако од јајце од патка што требало да го зготви за вечера, се испилоло пајче среде неговата кујна.

Плановите на Хим Каинг да готви традиционален камбоџански оброк за неговата сопруга биле променети кога пајчето ја извадило главата од јајцето, што неочекувано и подари на двојката прекрасно ново милениче.

Двојката го крстила пајчето Тини, и се одлучиле да го задржат, а Каинг се будел секој ден во 5.00 часот за да го нахрани и да го искапе новото милениче пред да замине на работа.

Откако ја надраснал својата мала када, Каинг почна да го носи Тини на возење во својот камион, а патката сега го следи каде и да оди.

Малото пајче веќе не е толку мало, но Каинг се` уште чувствува одговорност да се грижи за патката, која сега е полноправен член на семејството.