Човек си ја изгубил дрогата вредна 40.000 евра во воз и одлучил да се пожали на „вистинските луѓе“

Дарен Барнвел бил мазга за дрога и неговата цел била да ја пренесе дрогата од Даблин до Корк. Но, откако се симнал од возот 20-годишникот сфатил дека ја заборавил торбата во која што се наоѓал кокаин во вредност од 40.000 евра. Тој првин почнал да се буни кај вработените во железничката станица, а откако тие не му дозволте да се врати на возот и да ја побара торбата, го направил следниот „логичен“ чекор… повикал полиција.

Во состојба на паника, Барнвел ја повикал полицијата да ја пријави торбата, пред да сфати дека отишол во продавница во близина на станицата. Тој отишол за да провери да не ја заборавил таму торбата, а персоналот веќе ја пронашол и го чекале да се врати без да проверат што има во неа.

Но, полицијата пристигнала и бидејќи им била сомнителна паниката на Дарел за торбата одлучиле да ја проверат и таму го пронашле кокаинот. Дарен веднаш бил приведен и се изјаснин за виновен за поседување кокаин во вредност од над 13.000 евра за продажба или снабдување во Кривичниот суд во Корк, каде му била изречена условна казна од четири години.

Казната е мала затоа што ова му е прво вакво дело на Дарен, кој дефинитивно не е создаден да биде криминалец.