Човек си направи ролеркостер инспириран од Дизниленд, во својот двор

Знаеме дека карантинот на многу луѓе им овозможил да научат нешто ново или да ја разбудат креативноста, но некои луѓе дефинитивно се надминуваат себе. На пример Шон Лорошел од Напа, Калифорнија. Кога карантинот започнал во март, тој се фатил за работа.

Испириран од „Matterhorn bobsled“ ролеркостерот во Дизниленд, Шон си земал за цел да направи ист таков само во помали димензии во својот голем двор. Така со помош на неговиот брат и неколку пријатели креативниот план полека се реализирал. Деталите, како што можете да видите, се неверојатни: од повеќеслојната конструкција со пад, пештера и Јети.