Човек си нарачал торта, дури и нацртал како треба да изгледа, ама пекарот, за жал, се погодил буквалист…

Еден купувач од американскиот маркет „Costco“ останал збунет кога нарачал персонализирана торта, а пекарот малку премногу буквално ги сфатил неговите упатства.

 

 

Имено, клиентот побарал торта со вкус на чизкејк од ванила која има 48 порции. Тој сакал едноставен дизајн, специфицирајќи „без букви“ и „без дизајни“, само барајќи „црвено украсување на периметарот од горе надолу. Нагласил пекарот да погледне на задната страна кадешто и нацртал како да изгледа. Но, очигледно пекарот не е запознаен со зборот периметар и е човек којшто се сфаќа буквално.

 

Објавата собра над 109.000 прегледи, при што корисниците на „Редит“ не можеа да се воздржат од коментари.

 

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *