Човек спасил девојче од давење и нејзиното семејство најде начин да му се оддолжи

Инцидентот се случил во август, кога 10-годишната Хејли Вајтинг играла во морето во Монтереј, Калифорнија, додека била на одмор со семејството. Нејзината мајка, Саманта, ја замолила својата ќерка да се приближи до брегот, но Хејли ја однела стујата.

Додека струјата ја носела брзо подалеку во морето девојчето си мислело: „Ова не се случува. Нема шанси да ме извлечат.“ Саманта влегла во водат за да ѝ помогне на Хејли но ја „потценила стујата“ и така почнала да го носи и двете во морето.

Хејли била преплашена и почнала да вреска и така го привлекла вниманието на Кевин Коци, кој бил на плажата со својата свршеница. За среќа на двете Кевин е професинален пливач и плива од својата 3-та година, па бил прилично компетентен за да им помогне.

За среќа Кевин успеал да ја извлече Хејли до брегот каде што потоа ја преземал спасувачот на плажата. Саманта која го знаела Кевин само по неговото име барала начин како да му се заблагодари и објавувајќи ја приказната во Фејсбук група успеала да контактира со него.

Откако дознала дека Кевин и неговата свршеница морале да ја откажат својата венчавка поради епидемијата на коронавирус, Саманта решила да постави страница GoFundMe за да му помогне на херојот да си ја дозволи венчавката од соништата.

Саманта постави цел од 50.000 долари, а веќе 1.000 луѓе донираа над 31.500 долари. Мајката им се заблагодари на сите за поддршката и изрази надеж дека парите може дури и да им помогнат на Кевин и неговата идна сопруга да платат аванс за куќа.

„Кевин и неговата свршеница се уште се толку скромни велејќи дека не го заслужуваат ова. Се чувствувам дека доколку имам толку пари ќе им дадев сѐ во животот затоа што тие ми го спасија светот, моето дете. Моето семејство сега ќе има врска со овој човек и неговото семејство засекогаш, ние сме сега семејство.“, вели Саманта.

Саманта и Хејли планираат да присуствуваат на свадбата на Кевин, каде уште еднаш ќе му се заблагодарат за херојското спасување.