Човек споделува снимка од „Бигфут“ што ја снимил додека пешачел

За повеќето луѓе Бигфут е само мит, но еден човек верува дека го видел мистериозното животното и има видео докази.

Мислата за џиновско влакнесто чудовиште на планините е доволна за да ги исплаши повеќето луѓе. Всушност, многу луѓе се прилично среќни верувајќи дека Бигфут е само мит. Но некои активно се обидуваат да најдат докази за негово постоење.

Еден од овие луѓе е Мајк Бодевиц, кој се опишува себеси како „семеен човек кој ја сака природата“.

Користејќи TikTok, Мајк го документиаше своето искуство со суштеството и, иако снимката е матна, беше доволна да убеди неколку луѓе на интернетот.

@mike_bodewitz#Sasquatch #sasqautch #OregonSasquatch #bigfoot #bigfootisreal #Bigfoot #bigfootsightings #OneStepCloser

♬ original sound – Mike Bodewitz

Бодевиц објасни дека успеал да го сними животното додека шетал велејќи:

„Го видов тоа со свои очи. Не сакав да се приближувам за да не го направам нервозен, но јасно беше дека ме гледа.“

Снимката не е многу убедлива, но несомнено ќе охрабри повеќе луѓе да внимаваат на околината следен пат кога ќе одат на прошетка. Особено оние кои сакаат да веруваат во Бигфут.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.