Човек уапсен за убиство речиси 50 години подоцна – благодарение на еден предмет
Случај што со децении бил нерасчистен, конечно доби пресврт благодарение на напредната форензичка технологија. Полицијата во Сан Хозе, Калифорнија, верува дека конечно го пронашле убиецот на младата Жанет Ралстон, која била брутално убиена уште во 1977 година.
Несреќната ноќ на 31 јануари 1977
Жанет Ралстон, 24-годишна жена, последен пат била видена во барот „Lion’s Den“ во Сан Хозе. Според нејзините пријатели, таа заминала од барот со маж кого никој не го познавал.
Следниот ден, нејзиното тело било пронајдено во задниот дел од нејзиниот автомобил „Фолксваген Буба“, паркиран на околу пет минути од барот. Жената што живеела во близина случајно погледнала во автомобилот и го открила телото – Жанет била задавена со нејзиниот фустан. Обдукцијата покажала дека пред убиството била и сексуално нападната. Убиецот се обидел да го запали автомобилот, но не успеал.
Еден отпечаток и малку ДНК – и мистеријата е решена
Децении подоцна, во август минатата година, обвинителството во округот Санта Клара соопшти дека е уапсен осомничен за убиството: 69-годишниот Вили Јуџин Симс од Охајо.
Истрагата напредувала благодарение на нови форензички методи – еден единствен предмет, кутија цигари од марката Eve, која била пронајдена во автомобилот на жртвата, станала клучниот доказ. На неа истражителите пронашле отпечаток од прст и траги од ДНК кои директно го поврзале Симс со местото на злосторството. Дополнително, ДНК е пронајдена и под ноктите и на блузата на жртвата.
Доказите се поклопиле со Вили Симс, кој тогаш бил војник стациониран на воената база Форт Орд во Калифорнија.
Стар случај, но правда што не застарува
Иако Симс бил осуден за обид за убиство во друг случај во 1978, неговата ДНК никогаш не била внесена во базата на податоци бидејќи подоцна се преселил. Но, со помош на властите во округот Аштабјула, Охајо, полицијата од Сан Хозе го пронашла и му земала примерок од ДНК.
Криминалната лабораторија потврдила дека ДНК-та на Симс се совпаѓа со онаа пронајдена под ноктите на Жанет и на кошулата со која била задавена. Симс моментално се наоѓа во притвор без можност за кауција, а судењето е закажано за 12 август.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно