Човек успеа да украде повеќе од 100.000 долари од казино, благодарение на неговата софистицирана маска
Крадец маскиран како старец со протетска маска и фалсификувани возачки дозволи украл повеќе од 100.000 американски долари од патрони на казино во Мичиген и Канзас. Џон Колети нелегално стекнал информации за неговите жртви пред да искористи фалсификувани возачки дозволи за да земе пари од личните банкарски сметки користејќи киосци за самопослужување во казината.

Според федералната поплака, која беше отворена во федералниот суд во Мичиген киосците се користат во казината за обработка на џекпот, раситнување на пари, повлекување на готовина, авансни пари и размена на чипови. Корисниците мора да ја стават возачката дозвола, последните четири цифри од нивниот број за социјално осигурување и нивниот телефонски број во киоскот пред да можат да повлечат средства.
Истрагата била започната откако во Гранд Казино МГМ идентификувале 10 жртви кои изгубиле комбинирана сума од приближно 98.840 долари помеѓу 26 април и 27 мај 2019 година.

Ова било пријавено во државната полиција во Мичиген, која ја следела истрагата и го пронашла својот осомничен гледајќи ги видеата од надзорните камери, меѓутоа, во секој случај, на снимките се гледало лице со целосна протетска маска за да личи на постар белец. По една година крадецот е фатен.
55-годишникот, е обвинет за измама, отежната кражба на идентитет и измама и поврзана активност во врска со уреди за пристап, според судските документи, кои велат дека тој ќе се појави на рочиште за притвор на 30 јули.
