Човек вели дека фотографирал дух додека бил во посета на историски шкотски урнатини

Фотограф одлучил да посети историски шкотски урнатини и истите да ги фотографира, но како што вели тој случајно опфатил уште нешто. На фотографијата од некои стари шкотски урнатини лоцирани во паркот Даглас, Северен Ајршир, може да се види човечки лик на еден од прозорците. Лицето може да се види исклучително јасно, како некој да стои таму, но фотографот вели дека немало никој таму.

За скептиците на социјалните мрежи, фотографот ги обезбедил негативите од фотографиите направени на местото каде што сè уште може да се види морничавата фигура: „Во моментот на фотографирање не чувствував ништо необично, ништо чудно. Кога развивам филм, секогаш го скенирам. Олеснува да се одреди квалитетот на фотографијата и кој е достоен да се направи отпечаток со помош на зголемување. Лицето беше прилично очигледно на скенирањето. Се чувствував среќно што фатив нешто што изгледа вака – нешто што ми изгледа интересно и подоцна малку гордо што имам што да им покажам на луѓето кои сакаат мистерии.“, вели фотографот кој сака да остане анонимен.

И покрај тоа што има луѓе кои веруваат дека на фотографијата се гледа дух, самиот фотограф не е сосема сигурен во тоа: „Искрено не мислам, дури и откако ќе го погледнам преку микроскоп, дека има доволно детали за да сочинат специфични карактеристики на лицето. Се разбира дека е можно да се шпекулира, но човечкиот мозок нè тера да гледаме познати одлики насекаде, особено кога ќе гледаме доволно долго.“

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.