Човек во Норвешка го откри ,,наодот на векот”, откако пронајде артефакти стари 1500 години на поле на фарма
Човек во Норвешка пронајде артефакти кои датираат од пред околу милион и половина години и го откри ,,наодот на векот”.
Ерленд Боре (51) верува дека наишол на остатоците во полето на фармер на островот Ренесој, во близина на Ставангер, кон крајот на август.
Тој бил шокиран кога дознал дека всушност ископал девет приврзоци, три прстени и 10 златни бисери – од кои некои датираат уште од падот на Римската империја.
Г-дин Боре вели дека го купил својот прв детектор за метал оваа година, откако неговиот лекар му наредил да излегува повеќе надвор наместо да седи дома.
Оле Мадсен, директор на Археолошкиот музеј на Универзитетот во Ставангер, изјавил дека да се најде „толку многу злато во исто време е крајно необично“.
„Ова е златното откритие на векот во Норвешка“, вели тој, објавувајќи го откритието денес.
Според норвешкиот закон, предметите од пред 1537 година и монетите постари од 1650 година се сметаат за државна сопственост и мора да бидат предадени.
Вонреден професор Хакон Рајерсен, од музејот, вели дека златните привезоци – наречени брактеати – датираат од околу 500 година од нашата ера.
Ова датира од таканаречениот Период на миграција во Норвешка, период од европската историја обележан со големи миграции што доведоа до крајниот пад на Западното Римско Царство во 476 н.е.
“Милион и ПОЛОВИНА!!?? години”………🤣🤣🤣🤣🤣
Шо си ти во та зелената миљон и половина.
Коментирај анонимно