Човекот имал „зорт“ со одење во тоалет па се обидел да си го реши проблемот на одвратен и потенцијално смртоносен начин

Еден човек за малку ќе умрел откако внел јагула од 20 см во ректумот бидејќи имал проблеми со констипација

„Народниот лек“ вели дека јагулата може да помогне во придвижување на изметот низ дебелото црево, па затоа човек од Ксинхуа, Источна Кина решил да го испроба методот, во очаен обид да се олесни. Човекот за малку ќе го изгубел животот откако јагулата му го изгризала дебелото црево и влегла во стомакот.

Неименуваниот човек првично не отишол на лекар затоа што бил „премногу срамежлив“, но кога конечно стигнал во болница хурурзите успеале да ја отстранат се` уште живата јагула, но го известиле пациентот дека може да умре од хемолизна анемија, што се јавува кога црвените крвни зрнца се уништуваат откако бактериите од дебелото црево ќе стигнат до стомакот.

Ова не е првпат да се испроба бизарниот „стар народен лек“.

И покрај неколкуте инциденти во кои луѓе се обидуваат да се ослободат од констипација со вметнување на јагула во ректумот, нема докази за да го поддржат традиционалниот народен третман, а методот може да биде фатален.