Човекот кој брутално нападна судијка во текот на неговото судење е осуден а 26 години затвор
Мажот кој во текот на неговото судење скокна преку судската клупа за да нападне судија, во видео кое стана вирално, е осуден на 26 години затвор.
На 3 јануари, Деобра Реден, 31 година, жестоко ја нападна окружната судијка во Лас Вегас, Мери Кеј Холтус, додека таа му изрекуваше казна за друг случај.
Холтус се подготвуваше да ја изрече казната на Реден за обвинение за тешко физичко насилство, кога се случи насилната сцена. Таа беше турната од своето столче додека Реден скокна преку масата, напаѓајќи ја и притиснувајќи ја до ѕидот. Според NBC News, три лица биле повредени додека обезбедувањето се обидувало да ја санира ситуацијата.
За среќа, Холтус не била хоспитализирана, но добила медицинска помош за повредите. Веќе следниот ден, на 4 јануари, таа се вратила на работа, известува NBC News.
Обвинителот на округот Кларк, Стив Волфсон, изјави: „Благодарение на Бога, судијката е добро. Благодарение на херојските напори на оние кои ѝ притрчаа на помош, особено нејзиниот маршал и нејзиниот правен асистент.Без нив, ситуацијата ќе беше многу полоша, бидејќи овој обвинет покажа екстремно насилно однесување и уверен сум дека ќе има последици.“
Во вторник (10 декември), адвокатите на Реден побараа од окружната судијка Сузан Џонсон неговата казна да се совпадне со сегашната затворска казна која веќе ја издржува.
Адвокатот на Реден, Карл Арнолд, побара казната да биде помеѓу 4 и 11 години, но судијката Џонсон одлучи да му изрече вкупна затворска казна од 26 до 65 години.
„Ова не беше само одмазда или напад врз судијката Холтус,“ рече Џонсон. „Ова беше и напад врз судството.“
„Не сум лош човек, не сум злобен,“ изјави Реден пред Џонсон пред изрекувањето на казната.Не барам оправдување за моите постапки, но велам дека не сум лош човек и знам дека не сакав да ја убијам Мери Кеј Холтус. Знам дека се грижев за нејзиното здравје.“
Судијката Холтус не беше присутна во судницата, но поднесе изјава.
„Тој донесе свесна одлука да ме убие и направи сè за да успее,“ стои во изјавата. „Ако тој го добиеше она што го сакаше, ќе се соочуваше со доживотна казна за убиство без можност за условно“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно