Човекот кој никогаш не може да се здебели има ретка состоба која ја имаат само 13 луѓе ширум светот
Тинејџер од Шкотска откри како неговото тело не е во состојба да складира маснотии поради една од најретките состојби во светот која погодува само 13 луѓе.
Дилан Ломбард (18) од Глазгов, првпат развил симптоми на МГП (мандибуларна хипоплазија со глувост и прогероидни карактеристики) кога имал 18 месеци, но му била дијагностицирана 10 години подоцна по „постојаните“ прегледувања од страна лекарите. МГП синдромот е исклучително ретка и сложена состојба и е познато дека влијае само на неколку луѓе во светот.
Утврдено е дека Дилан и другите пациенти имаат абнормалност во генот POLD1 што доведува до дефектен ензим клучен за репликацијата на ДНК.
Состојбата, која погодува само еден од шестотини милиони луѓе ширум светот, спречува масното ткиво да се складира под кожата и резултира со мала долна вилица, глувост и затегнување на кожата.
Дилан откри: „Да растењето беше навистина тешко, гледам луѓе како зјапаат, се смеат и ме третираат поинаку, но научив да не дозволувам тоа да влијае на мене“.
Тој рече: „Роден сум со оваа состојба, но таа не станала видлива до 18 месеци“.
„Мајка ми ме гледала како слабеам многу и разбирливо многу се загрижила“.
„На докторот му беа потребни 10 години за да ми ја дијагностицира оваа состојба по постојани посети“.
„Има само 12 други луѓе во светот кои имаат МГП покрај мене, но кога ја добивме дијагнозата, едноставно ни олесна бидејќи конечно знаевме што е тоа“.
Физичките ефекти на состојбата значеле дека Дилан често бил сведок на луѓе кои зјапаат или коментираат за неговиот изглед.
Сепак, тој рече: „Се опкружувам со оние кои ме поддржуваат и ме сакаат поради тоа што сум, тоа е најдоброто чувство на светот“.
Дилан сега е желен за ширење на свеста за неговата состојба и ја користи својата платформа за да ја информира јавноста за МГП.
Тој објасни: „Мислам дека сум во фаза од мојот живот кога навистина сакам да помогнам, да ги едуцирам луѓето за мојата состојба“.
„Сакам да ја раскажувам мојата приказна, да допирам и да се поврзувам со луѓе од целиот свет“.
„Кога го правам тоа, искрено верувам дека тоа ме прави посилина посигурна личност“.
МГП значи дека Дилан не може да учествува во многу физички активности како спортови, но успеал да ја пронајде својата страст на само 11 години во фотографијата“.
Дилан објасни: „Бев на прошетка на дождлив ден и направив неколку фотографии на мојот телефон за да им покажам на моите родители кои беа навистина воодушевени“.
„Ме охрабрија да продолжам, и оттогаш сликам“.
Дилан ја зема својата инспирација од неговиот град, доловувајќи ја суштината на Глазгов преку неговата перцепција.
Тој додаде: „Времето можеби не е најдобро, но сакам да живеам во Шкотска.
„Тука сум роден и горд сум, сакам да покажам што има да понуди мојот град“.
„Кога фотографирам, таа останува со мене засекогаш и тоа чувство е неописливо“.
Дилан верува дека секој, без разлика кој е, има способност да биде најдобрата верзија од себе.
Тој рече: „Јас сум многу повеќе од мојата состојба, поради тоа чувствувам дека е важно да ја споделам мојата приказна“.
„Никој никогаш не треба да се плаши од тоа што е, и важно е само да продолжите да го правите она што ве прави среќни“.
„Упорноста е клучна, никогаш не се откажувајте“.