Човекот намерно „им влезе“ со автомобил на про-Палестинскиот протест во Минеаполис
Полицијата во Минеаполис го истражува инцидентот во близина на паркот Лоринг во неделата попладне, кога маж возеше автомобил низ толпата која покажуваше поддршка за Палестинците во Газа.
Очевидци изјавија дека автомбоилот намерно тргнал кон групата демонстранти. На видеото се гледа како тој бега со автомобилот. Но, она што го нема на видео е дека бил повторно запрен од демонстрантите подолу и човекот им излегол со нож.
„Беше навистина страшно, искрено, затоа што знам за протести на кои луѓе намерно возеле со автомобилите и газеле се пред себе. И со тоа што знаев дека е вооружан, едноставно посакав само да почнам да бегам. Но, дел од мене ме натера да останам и да им помагам на сите да го запреме автомобилот да вози низ толпата, затоа што околу имаше и деца.“ – изјави демонстрантот Ракија Мохамед.
Демонстрантот изјави дека човекот му го прегазил само стапалото со автомобилот, но немал никаква сериозна повреда само гребатини.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно