Човекот сакал да ги види вонземјаните и се обидел да украде авион од аеродром
Еден човек е уапсен откако наводно се обидел да украде авион за да лета во „Областа 51“ за да види вонземјани.
Дотичниот маж, наводно, удрил во безбедносните порти со лимузина во обид да украде авион од меѓународниот аеродром Мекаран во Невада, САД.
Наводно, човекот пријавил закана за бомба за време на инцидентот и оттогаш е уапсен за лажна пријава и закана за терористички акти.
Се вели дека мажот им се заканувал и на вработените во „Атлантик ерлајнс“ кои се соочиле со него. Сведоците тврделе дека тој рекол: „Имам бомба Ќе го разнесам ова место“.

Службениците од Метрополитен полицискиот оддел во Лас Вегас биле повикани на местото на настанот во 18.45 часот по локално време, откако имало извештаи за возило кое „дрифта“ на паркингот.
На пат кон областа, на полицијата ѝ било кажано дека автомобилот ги срушил безбедносните порти и возел преку рампата кон авионот.
Кога пристигнала полицијата, тој наводно им рекол дека има бензин и пушка. Тој, исто така, истакнал дека сакал да украде авион за да лета во Областа 51 за да ги види вонземјаните.
По настанот, при пребарувањето бил пронајден резервоар за кислород и што наликува на противпожарен апарат со жици обвиткани околу него, за кој се вели дека изгледал слично на експлозивна направа.
Човекот бил приведен, а во истрагата се придружиле и од ФБИ.
