Човекот се подготвувал за апокалипса, но завршил во затвор
Британец се изјасни за виновен за изработка на рачни гранати кој планирал да ги искористи во случај на апокалипса.
Скот Портер, од Хејвардс Хит, Западен Сасекс, кој отворено призна дека направил импровизирани гранати во подготовка за апокалипса, буквално ја сфатил старата изрека: „надевај се за најдоброто, подготви се за најлошото“.

44-годишникот допрва треба да се соочи со судење за поседување експлозиви и три преносни компјутери со информации корисни за лице што подготвува терористички акт.
Локалните полицајци извршиле рација во неговиот дом во 2019 година, каде што нашле „складиште со оружје“.
Кога бил испрашуван од полицијата, Портер рекол дека гранатите биле направени во случај да се случи апокалипса. Судијата Марк Денис призна дека се работи за „невообичаен“ случај и укажа кон „сериозноста на делата“ и веројатноста дека обвинетиот е опасен.

Детективката Кет Барнс, предупреди дека „подготовките“ на Портер може да бидат смртоносни во рацете на другите луѓе. „Иако Портер немал одредена идеологија, информациите до кои дошол може да бидат корисни за терорист со планови за извршување напад. Неговите постапки се непромислени и тежината на доказите против него не му остави друг избор на Портер освен да се изјасни како виновен за овие сериозни прекршоци“- вели таа.
