Човекот се удри на најболното можно место среде репортажа во живо

Замислете ја сцената: сонцето сјае, а вие ги фаќате зраците, уживате во свежиот воздух додека возите велосипед. Можеби сте на пат кон работа, можеби си одите дома, можеби сте излезени за лежерно вежбање.

Потоа, додека се обидувате да запрете, доаѓа катастрофа. Велосипедот е недопрен, никој друг не е повреден, но вие се борите со мешавина од агонија и гадење. Така е, се лизнавте од седиштето и доживеавте болна несреќа.

Моментот беше снимен во живо на Канал 10 во Австралија додека водитеката Крис Бат ја префрли програмата на репортерката Ен-Мари Леонард, која правеше репортажа за последиците од пожарот во фабрика во Белмонт, Перт.

Видеото оттогаш е споделено на Редит и Твитер каде што има повеќе од 40.000 прегледи. „Секој човек во радиус од 50 километри го почувствува тоа“, напиша еден корисник.

 

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.