Човекот со 1000 деца овојпат малку ја претерал: „Си играше „рулет со сперма“, само за да види дали некој друг е поплоден од него“

Новото тврдење за серискиот донатор на сперма Џонатан Мејџер можеби е најбизарното досега. Холандскиот блогер и музичар, кој донирал сперма на клиниките за плодност ширум светот и склучил непознат број приватни договори со парови без деца, се смета дека има околу 1.000 деца.

 

 

 

Една жена тврди дека Мејџер тајно го измешал неговиот примерок од сперма со друг примерок од донатор за да види кој е поплоден. Мејџер налутено го отфрли обвинението, опишувајќи го како лага. Жената, по име Патриша, изјави за документарниот филм на „Нетфликс“, „Човекот со 1000 деца“ дека Мејџер истурил дел од сопствениот примерок на сперма во примерок од друг донатор за да „види кои гени се најсилни“.

Сепак, Мејџер го негира нејзиното обвинение и вели дека има намера да преземе правна постапка против „Нетфликс“, кој, како што вели, „нема никакви докази“ дека фалсификувал сперма на друг маж. И покрај неговите негирања, Мејџер несомнено имал повеќе деца од кој било друг жив човек, а веројатно и од кој било човек во историјата. Како резултат на тоа, неговите стотици деца ризикуваат несвесно да налетаат едни на други како возрасни и да извршат „случаен инцест“ што доведува до значителни потенцијални вродени дефекти кај нивните деца.

 

 

Мејџер, тврди дека имал не повеќе од 600 деца и раскажува дека ужива во чувството да им се помогне на другите да основаат семејство.

„Не сакам да го користам зборот „зависност“, но се чувствувам толку наградено, што е апсолутно прекрасно“, изјави тој.

„Благослов е ако можеш да го доживееш само еднаш во животот, но јас го доживував многу патти, и сè уште го доживувам, бидејќи луѓето ме информираат за тоа што се случува со нивните деца“.

 

 

Мејџер признава дека се „занесол“ со своите донации поради огромната љубов да им помага на другите. По бројните предупредувања од официјални лица и приватни граѓани да престане со донации на сперма, Мејџер открива дека планира да забави, но од лични причини: „Навистина треба да се смирам и да имам свое семејство“.

Сепак, тој признава дека сè уште не ја нашол вистинската жена. Тој претходно започнал две сериозни врски со жени кои првично ги запознал преку неговата активност за донирање сперма, но „не успеале“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *