Човекот што го молел Господ (виц)

Еден човек одел на важен состанок. Доцнел, се нервирал, вртел кругови по улиците и не можел да најде паркинг место. Го кренал погледот кон небото и рекол:
— Господи, помогни ми да најдам место! Ќе прекинам да пијам, ќе постам и секој ден ќе се молам!
Одеднаш, чудо – се ослободило место. Човекот пак го кренал погледот кон небото и рекол:
— Чекај, чекај, не треба. Најдов!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *