Црква слична на Римскиот пантеон во која со години лежи бомба тешка 500 килограми

Ротондата од Моста (Rotunda of Mosta) е римокатоличка црква во Малта, лоцирана во истоимениот град. Ако поминете барем во близина, нема да можете да ја промашите. Покрај тоа што наликува на римскиот пантеон, има огромна купола која некогаш била трета по големина во светот. Тоа е најголемата и најпозната црква на Малта.

Внатрешноста е пространа и импресивна, но она што е уште пофасцинантно е еден необичен детал што може да го пропуштите додека одите со главата насочена нагоре, кон куполата. Бомба.

Ова го нема ниту во Ватикан

Малку е бизарно да се мисли дека седите на Света миса и го слушате свештеникот како зборува: „Мир Божји со сите вас“, и бомба на подот до вас. Но, постои добра – и донекаде чудесна – причина за ова.

За време на Втората светска војна, нацистичките воздушни сили ја бомбардираа Малта. За време на бомбардирањето во 1942 година, бомба тешка 500 килограми паднала врз црквата токму за време на мисата.

Таа ја пробила куполата, паднала внатре, удрила во ѕид и се превртела на подот. Во еден момент застанала и можеме само да замислиме колку сетоа тоа изгледало нерално и како на филм. На крајот, таа воопшто не експлодирала.

Тоа дека фрлената бомба не експлодирала и не е толку редок настан, но верниците на Малта, поради целиот контекст во кој се случил настанот, заклучиле дека станува збор за чудо. Никој не бил повреден, а двете бомби кои потоа паднале, се одбиле од рабовите на куполата, полетале кон плоштадот пред црквата и исто така, не експлодирале.

„Зошто сè уште ја држат таа бомба во црквата, дали се нормални?“ Ова би било логично прашање кое би го поставил некој. Вистинската бомба што паднала во 1942 година била неутрализирана и фрлена во морето на западниот брег на Малта заедно со другите. Оваа што е сега изложена е само копија во изгледот и е потполно безбедна, што значи нема да експлодира, така што слободно можете да одите и да го посетите местото.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.