Црната вдовица Дејзи де Мелкер и приказната за првиот сериски убиец во Јужна Африка

Низ историјата е познато дека живееле многу сурови луѓе и за жал ова најверојатно никогаш нема да престане да се случува. Но, постојат личности од минатото кои привлекле големо внимание поради тоа што биле „први“ во ужасите кои ги направиле, односно барем први кои ги фатиле. Таква е и приказната за Дејзи де Мелкер.

Дејзи Ханкорн-Смит е родена во близина на Греамстаун, Јужна Африка. Таа била едно од 11 деца. Кога имала дванаесет години, отишла во Булавејо, Родезија (сега Зимбабве) да живее со нејзиниот татко и двајцата браќа. Три години подоцна работела во училиштето „Гуд Хоуп“ во Кејп Таун. Се вратила во Родезија во 1903 година, но очигледно руралниот живот не ѝ бил возбудлив, па се вратила во Јужна Африка да работи во старачки дом во Дурбан.

Дејзи на денот на венчавката

На едно од нејзините патувања во Родезија, се запознала со млад човек Берт Фулер, кој бил државен службеник. Тие требале да се венчаат во октомври 1907 година. Сепак, Фулер се разболел од треска и починал, додека вереницата била до него во креветот. Тој ѝ оставил 100 фунти во тестаментот.

Во март 1909 година, околу осумнаесет месеци по смртта на Берт Фулер, Дејзи се омажила за Вилијам Алфред Коул, водоводџија во Јоханесбург. Таа имала 22, а тој 36 години. Заедно имале 5 деца од кои 4 починале, наводно од природна смрт. Нивното последно, и единствено преживеано дете, Родос Сесил, е родено во јуни 1911 година.

Рано наутро на 11 јануари 1923 година, Вилијам се разболел откако сопругата му подготвила епсом соли. Иако дошле два лекари и му препишале лекови Вилијам исфрлил пена на устата, помодрел во лицето и починал. Вториот лекар се посомневал во труење со стрихнин и одбил да го потпише уверението за смрт. Но, аутопсија извршил окружен хирург, д-р Фергус и причина за смртта е потврдено дека се хроничен нефритис и церебрална хеморагија. Дејзи како единствен наследник наследила 1795 фунти.

На возраст од триесет и шест години, на 11 јануари 1926 година, Дејзи Коул се омажила за друг водоводџија, Роберт Скот, 10 години постар од неа. Наредната година Роберт се разболел и имал исти симптоми како Вилијам, но се опоравил. Две недели подоцна повторно му се слошило откако испил пиво во друштво на сопругата и посиноток Родос.

46-годишна Дејзи

Д-р Малиник, лекарот што го лечел потврдил дека причината за смртта е артериосклероза и церебрална хеморагија. Не е извршена обдукција. По смртта на Роберт Спот, неговата вдовица наследила над 4000 фунти, плус уште 560 фунти платени од неговиот пензиски фонд.

На 21 јануари 1931 година, Дејзи повторно се омажила. Нејзиниот сопруг бил вдовец, Сиднеј Кларенс де Мелкер, кој, како и нејзините претходни двајца сопрузи, бил водоводџија.

Кон крајот на февруари 1932 година, Дејзи отишла во друг град да купи арсен од хемичар под своето моминско презиме. Таа му рекла дека му е потребен за да усмрти болна мачка. Помалку од една недела на нејзиниот син Родос и на неговиот колега Џејмс Вебстер им се слошило откако пиеле кафе од термосот кој им го подготвила Дејзи. 20-годишниот Родос починал после неколку дена наводно од церебрална маларија, а мајка му добила 100 фунти.

Во тоа време, Вилијам Срок (брат на вториот мртов сопруг на Дејзи) почнал да се сомнева и целиот случај го пријавил во полиција. На 15 април 1932 година, полицијата добила судска наредба со која им се дозволува да ги ексхумираат телата на Родос Каул, Роберт Спот и Вилијам Коул.

Синот на Дејзи, Родос

Државен форензички патолог бил во можност да изолира траги од арсен во утробата, ‘рбетот и косата на Родос. Иако телата на Вилијам Каул и Роберт Срок биле во голема мера распаднати, траги од стрихнин биле пронајдени во пршлените на секој човек.

Траги од арсен се пронајдени и во косата и ноктите на Џејмс, колегата на Родос кој преживеал. Дејзи набргу завршила на суд за убиство на сите мажи. Таа сите ги убила за пари, вклучувајќи го и нејзиниот син за кој се верува дека откако ќе наполнел 21 година ќе барал наследство од мајка си.

Судењето на Дејзи траело 30 дена и луѓето буквално „се тепале“ за да добијат место во судницата и да го следат судењето. 6 експерти биле повикани да ја докажат нејзината вина. Дејзи де Мелкер (на возраст од 46 години) била осудена на смрт со бесење.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.