„Црвената планета“ доби нова боја откако научниците за прв пат открија нешто необично во атмосферата на Марс

Иако постојат шпекулации дека пред многу години Црвената планета, односно Марс била зелена, сега повторно е така, но на еден поинаков начин. Научниците открија дека атмосферата на Марс свети зелено и не тоа не е поради вонземјани.

Иако изгледа дека Марс сега има своја верзија на Северните светла, ова е сосема друга работа од она што може да се види на Земјата.

Аурора бореалис е нуспроизвод на магнетното поле на нашата планета што канализира честички на енергија, нешто што Марс го нема. Сепак, Марс има кислород во својата атмосфера, како што има и Земјата, што придонесе за овој зелен сјај.

Прстенот на зелено светло што моментно го обиколува Марс, познат како ноќен сјај, се должи на атомите на кислород што се товарат и се распаѓаат од сончевата светлина. Потоа, кога атомите се опуштаат и се спојуваат, тие стануваат зелени.

Виден од Trace Gas Orbiter (ТГО), кој е на Марс од 2016 година како дел од програмата предводена од Европа „Ексомарс“, сјајот се смета дека постои околу 40 години.

Со надеж дека ќе го пронајдат сјајот, истражувачите ги ориентираа инструментите на ТГО за да добијат „поглед“ и ја скенираа планетата на различни висини двапати на орбита помеѓу 24 април и 1 декември 2019 година, како што јави Си-Ен-Ен. Зелениот сјај беше пронајден во сите податоци собрани во текот на овие датуми.

Додека ноќниот сјај на Марс и Земјата изгледаат исти, за нив се верува дека се различни, при што сјајот на Марс е многу посилен од видливата емисија што се дава од нашата планета. Ноќниот сјај на Земјата главно се произведува од кислород, додека на Марс е главно од СО2.