Црвенкапа и волкот во 2022 (виц)
Црвенкапа ѝ носела јадење на својата баба преку шумата. Наеднаш ја сретнал волкот.
– Црвенкапо, дај да го изедам тоа што го носиш!
Црвенкапа му ја дала кошницата со зелникот и волкот веднаш почнал да јаде. После некоја минута, Црвенкапа го вади мобилниот, се јавува и вели:
– Ало, мамо! Готово, изеде. Го видов убаво, ќе го биде за палто, греење секако немаме.
Коментирај анонимно