Чудата навистина постојат: Пар кој се мачел да има деца го слави неочекуваното раѓање на идентична тројка

Една британска двојка од Винкантон, Сомерсет, доби рана божиќна радост со неочекувано раѓање на идентични тројка момчиња преку ин витро оплодување (ИВФ). Шенон (29) и Ејс Пејџ (28) беа првично информирани од докторите дека очекуваат близнаци, но на крајот добија тројца синови.

„Животот ни се промени многу откако се родија момчињата. Тие сега се наш приоритет и сè што ни е важно. Чувството да бидеме родители е неверојатно, особено по долгата борба и сомнежот дека тоа никогаш нема да се случи. Сега имаме три прекрасни момчиња“ изјави Шенон.

 

 

По години неуспешни обиди за природно зачнување, парот започнал со ин-витро во март 2024 година, со имплантација на едно ембрио. Во текот на 7-та недела од бременоста, лекарите им соопштиле дека очекуваат близнаци.

Сепак, на ултразвукот во 9-та недела, парот дознал дека Шенон носи и трето бебе. Техничарот им потврдил три силни отчукувања на срцето.

„Имплантирано беше само едно ембрио, а сега имаме три бебиња! Пресреќни сме! 💙💙💙,“ напишаа Шенон и Ејс на ТикТок.

 

Здравствени предизвици во текот на бременоста

На 17 недели, Шенон почнала да се онесвестува, а еднаш била во несвест подолг временски период. Подоцна, лекарите утврдиле дека едно од тројките има висок ризик од преживување поради феноменот трансфузија меѓу близнаци. Докторите препорачале прекин на бременоста за едниот фетус за да се спасат другите два.

„Тоа носеше ризик за сите тројца, па решивме да ѝ веруваме на природата и да го прифатиме исходот,“ напиша Шенон.

На 6 октомври 2024 година, на 29 недели и 6 дена од бременоста, Шенон родила тројка преку царски рез, Енцо, Алџо и Круз, кои веднаш биле пренесени на интензивна нега.

Круз се изборил со инфекција на стомакот и успеал да се опорави со помош на три различни антибиотици. Енцо сега дише самостојно. Алџо сè уште има потреба од помош за дишење.

Иако момчињата сè уште не се дома, тие забележливо напредуваат. „Би значело светот за нас ако момчињата бидат дома за првиот Божиќ, опкружени со семејството,“ изјави Шенон.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *