Чуден е само кога ќе го погледнете од воздух: Градот за кој полудеа на социјалните мрежи

Центурипе е древен град кој зафаќа околу 173 квадратни километри во италијанската провинција Ена во источна Сицилија.

Прво се споменува во историските списи како град на племето Сикули уште во 5 век п.н.е. Низ историјата, се соочуваше со интензивни инвазии и освојувања – беше освојуван од античките Римјани, Арапи, Нормани и Анжуанци.

Центурипе се наоѓа помеѓу реките Дитатино и Симето на ридски терен, на надморска височина од околу 730 метри. Експертите велат дека нерамниот терен е главниот „виновник“ за неговата необична форма, што ќе го забележите само кога ќе го погледнете од птичја перспектива.

Имено, веќе некое време на социјалните мрежи се споделуваат воздушни фотографии од Центурипе, на кои се гледа дека центарот на градот се шири во пет различни гранки. Затоа, тој потсетува некои коментатори на морска ѕвезда, а други на монументален човек со раширени раце и нозе.

Ако се најдете во овој сицилијански бисер, задолжително истражете ги неговите особености – од остатоците од ѕидините што го опкружуваат градот, преку неколку стари цркви до археолошкиот музеј Museo archeologico regionale di Centuripie, кој ги чува тајните на оваа област.

Од Центурипе, исто така, можете да уживате во неверојатен поглед на највисокиот вулкан во Европа, Етна – кој се издига на височина од околу 3354 метри.