Чуден метал што постои само надвор од нашата планета е пронајден во античко богатство – кој и како би можел да го направи ова?

Среде купишта блескави златни богатства од Иберискиот бронзен период, има два кородирани предмети коишто вредат најмногу од сите.

 

 

Според истражувачите, едноставната нараквица и за’рѓаниот шуплив полукруг украсен со злато, не се направени од метал ископан од земјата, туку од железо од метеорити што паднале од небото. Откритието, кое го предводел сега пензионираниот шеф на конзервацијата во Националниот археолошки музеј на Шпанија, Салвадор Ровира-Љоренс, е објавено во јануарски труд и укажува дека технологијата за обработка на метали била многу понапредна од претходните претпоставки на Иберијскиот полуостров пред повеќе од 3.000 години.

Т.н. „Богатство на Вилена0“, кое се состои од 66 претежно златни предмети, е откриено пред повеќе од 60 години, во 1963, во денешно Аликанте, Шпанија. Денес оваа збирка се смета за едно од најважните примери на златарство од бронзениот период на Иберијскиот полуостров и цела Европа.

 

 

Меѓутоа, одредувањето на староста на колекцијата било потешко поради два специфични предмети: мала, шуплива полусфера, која можеби била дел од скиптар или рачка на меч, и единечна нараквица слична на торк. Двата предмета имаат „ферусен“ изглед, што значи дека изгледаат како да се направени од железо.

На Иберијскиот полуостров, железното доба – кога стопено железо почнало да ја заменува бронзата – започнува околу 850 п.н.е. Но, златните предмети датираат меѓу 1500 и 1200 п.н.е. За да се реши оваа дилема, истражувачите добиле дозвола од Општинскиот археолошки музеј на Вилена, каде што се чува збирката, да ги тестираат двата артефакти за да ја утврдат количината на никел што ја содржат.

Со земање примероци и анализирање преку масена спектрометрија, утврдено е дека и полусферата и нараквицата најверојатно се направени од метеорско железо, што го решава прашањето за нивното место во збирката – тие потекнуваат од истиот период, меѓу 1400 и 1200 п.н.е.

 

 

„Достапните податоци сугерираат дека капата и нараквицата од Богатството на Вилена би биле првите две парчиња од метеорско железо на Иберијскиот полуостров“, објаснуваат истражувачите во трудот.

Сепак, поради големата корозија, резултатите не се целосно потврдени. Истражувачите предложуваат понови, неинвазивни техники што би можеле да се применат за добивање поточни податоци и потврда на овие наоди.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *