Чудесен водопад во Норвешка: Како водата да извира од небото

Водопадот Лангфосен се вбројува во листата на десетте најубави водопади во светот. Се наоѓа на 5 километри југо-западно од селото Фјера во округот Вестленд, Норвешка. Водата паѓа надолу по високата планина цели 612 метри. Интересно е што патото поминуваа преку водопадот, што им овозможува на минувачите да уживаат во несекојдневната убавина. Водопадот Лангфосен е еден од ретките во Норвешка што не се користи за производство на електрична енергија, така што сè уште е во природна состојба.