Чудни модни трендови од минатото кои се незамисливи за денешните модни критичари
Колку и да е чудна модата, таа има тенденција да се појави повторно во одреден момент. На пример, синиот фустан што Шарлиз Терон го носеше во „Снежана и ловецот“ беше покриен со крилја од бубачки. И тоа не беше некоја луда идеја на дизајнерите, туку „оживување“ на моден тренд од почетокот на 19 век.
Ние решивме да ви покажеме какви модни трендови се практикувале порано, па во случај тие да се вратат, ќе бидете подговтевни.
Во 19 век, луѓето почнале да куцаат за да бидат во чекор со модата.

Александра од Данска, сопруга на принцот од Велс била викторијанска модна икона. Нејзините аутфити биле копирани од многу дами. Чокерот што го користела за да ја скрие лузната на вратот, го носеле многу други жени. Во 1867 година имала ревматизам поради кој почнала да куца, па затоа сите други жени започнале да шетаат низ Лондон со бастун без никаква конкретна причина. Куцањето станало толку модерно што некои производители дури започнале да продаваат чевли со потпетици со различни висини за куцањето да изгледа природно.
Дамите престанале да куцаат само за да започнат да прават мали чекори.

Од 1908 до 1914 година, модерните жени започнале да носат тесни здолништа. Се верува дека Харт Берг го инспирирала дизајнерот што го создал ова здолниште. Берг беше првата жена што леташе со авион и за да го спречи нејзиниот фустан да се крене, таа го врзала со јаже околу глуждовите.
Овој фустан бил доста опасен, тешко било да се трча, да се шета, па дури и да се седи. Некои жени дури ги врзувале колената со јаже за да избегнат кинење на ткаенината.
Во 60-тите години на 20 век, производителите на тоалетна хартија ги убедиле жените дека фустаните од хартија се модерни.

Луѓето веќе купуваа тоалетна хартија, хартиени крпи и салфетки. Има ли начин да ги натераме да трошат уште повеќе пари на хартија што не им е потребна? Да! Само направете моден тренд со облека од хартија! Ова веројатно била идејата на компанијата „Скот“ кога во 1966 година започнала да прават хартиени фустани по цена од 1.25 долари.
Другите производители ги следеле и започнале да прават хартиена облека за деца, венчаници, па дури и мантили и бикини што може да се користат само 2 или 3 пати.
Во 18 век, во Европа, постоел тренд на молња.

Во средината на 18 век, Бенџамин Френклин го измислил громобранот. И до крајот на векот, дамите и господата започнале да носат капи и чадори со преносни громобрани. Женските капи имале метална лента со сребрен ланец прикачен на нив. Овие ланци виселе зад грбот на жените, допирајќи ја земјата. По ударот на гром, електричната енергија требало да влезе во земјата заштитувајќи го сопственикот.
Мажите имале чадори со долги стапови на кои бил закачен синџир што виси до земја. Интересно е тоа што громобранот не се поставувал на зградите сè до следниот век.
Мажите носеле корсети и тесни панталони и трошеле цело богатство на облека.

Во 18 и 19 век, некои господа биле толку опседнати со нивниот изглед, што потрошиле многу пари на облеката. Мажите носеле јаки изработени од тврда пластика и корсети за да изгледаат потенко. Нивните панталони биле толку тесни што влијаело на циркулацијата на крвта, а тоа предизвикувало отекување на лицето и вратот, па дури и испакнатост на очите.

Се верувало дека мажите со лузни се најдобрите кандидати за брак.

Од 1930-тите до 1950-тите, меѓу Германците и Холанѓаните, било модерно да се има таканаречени лузни од дуел. Овие лузни значеле дека мажите се добри кандидати за брак. Работата бела во тоа што мажите ги добивале овие лузни со учество во академско мечување што можеле да си го дозволат само привилегирани луѓе. И покрај тоа што овие лузни не биле опасни за нивното здравје, тие биле знак на храброст. Некои дури се обидувале да направат лажни лузни со цел да изгледаат попривлечно.
Наместо накит, некои жени носеле вистински бубачки.

Во 19 век, во Европа, луѓето ставале крилја од бубачкиа на скапи ткаенини што биле увезени од Индија. Со овие крилја и нишки од сребро се правеле дезени што изгледале одлично под светлина од свеќа. Создавањето на оваа облека било неверојатно тешко: за еден фустан биле потребни до 3.000 крилја.
