Чудни трикови кои ги прават нашите мозоци без воопшто да сме свесни за тоа
Можеби сте слушнале дека луѓето користат само 10% од мозокот, но ова всушност е само мит. Поголемиот дел од нашиот мозок е скоро секогаш активен, дури и за време на спиењето. Но, понекогаш ни прави трикови, дури и ако не сме свесни за тоа.
Имајќи го ова на ум, ние „нурнавме“ во науката која стои зад некои од овие трикови што нашите мозоци понекогаш ги прават и најдовме информации што вреди да се споделат.
Ефект на Барнум

Првиот психолошки феномен е наречен Барнумов ефект, инаку познат како ефект на Форер. Ова се случува кога луѓето веруваат дека тестовите за карактер ги опишуваат целосно, иако всушност се полни со генерички информации што важат за скоро сите или со кои секој може да се поврзе. Добри примери за ова се хороскоп и онлајн тестови за личност.
Илузија на транспарентност

Кога чувствуваме моќни емоции, понекогаш мислиме дека тоа е очигледно за другите, особено за оние што добро не познаваат. Разликата помеѓу нашето искуство и она што другите луѓе го сфаќаат е позната како илузија на транспарентност. Оваа илузија може да предизвика луѓето кои се имаат страв од јавно говорење да веруваат дека нивните емоции ќе бидат забележани од другите, но во реалноста, никој не може да забележи што чуствувате.
Лажна меморија

Нашата меморија е покревка и многу поподложна на влијание отколку што мислиме. Таа не е само снимање на нешто што се случило во минатото, работите што ги паметиме може да се променат во зависност од тоа како и кога ги паметиме. Така се случуваат лажни спомени. Лажната меморија е нешто што ви изгледа реално, но е измислена од вашиот ум.
Пример: верувате дека сте ја пуштиле машината за миење садови пред да излезете од дома, а кога ќе се вратите гледате дека не е така.
Теорија на ироничен процес

Повеќето од нас веројатно имаме мисли што не сакавме да ги имаме, можеби несреќен настан или срамен момент. Како што се обидуваме да ги потиснеме тие мисли, толку повеќе ни доаѓаат на ум. Постои вистинско име за ова, познато како теорија на ироничен процес. Класичен пример е ако си кажеме да не размислуваме за сина мачка, сината мачка ќе биде единственото нешто во нашиот ум.
