Чудниот „луд“ мед од Непал: Може да ја подобри потенцијата и здравјето, ама исто така и да ве излуди и умре
Во далечните планини на Непал, на стрмни карпи високи и до 100 метри, живеат диви пчели кои произведуваат редок и силно психоактивен мед. И покрај тоа што во земјата има доволно обичен мед, локалните собирачи ги ризикуваат своите животи за овој специфичен — познат како „лудиот мед“.
Овој мед добива уникатни својства благодарение на тоа што пчелите во одредено време од годината се хранат со нектар и полен од рододендрон — растение кое содржи природен невротоксин, грајанотоксин. Во Европа некогаш се користел за отров на стрели, но во Непал од него настанува мед што во мали дози го подобрува здравјето: ја зголемува потенцијата, помага при хипертензија и главоболки. Но, само две лажици може да предизвикаат вртоглавица и халуцинации.
Може да се користи умерено и со алкохол за посилен ефект…
Историски, во 18 век Европа открила за неговите ефекти. Додека Непалците го користеле умерено и во медицински цели, европската аристократија купувала цели тегли, што доведувало до труење, лудило, па дури и смрт. Подоцна, овој мед се мешал со алкохол за посилен ефект.
Самиот процес на собирање е опасен. Пчелите ги градат своите огромни кошници на високи карпи. Собирачите се искачуваат со скали изработени од коноп, се мачкаат со локални билки за да не ги напаѓаат пчелите и вршат ритуални жртвувања пред секое поаѓање — најчесто колат петел, за заштита и среќно враќање.
И покрај предупредувањата, има огромна побарувачка
Килограм од овој мед на светскиот пазар достигнува до 120 долари — вистинско богатство за селските домаќинства. Сепак, треба внимателно да се консумира. Летниот мед има многу посилен ефект, додека пролетниот е поблаг. Ако се претера, организмот реагира со мачнина, штитејќи се сам од труење.
И покрај предупредувањата, побарувачката не стивнува. Секоја година од Непал се извезуваат околу 25 тони од овој „психоактивен“ мед — доказ дека европската љубопитност за границите на перцепцијата сè уште не знае за мерка.
Коментирај анонимно