Чудо: Две мали братчиња од Австралија, кои се сметаа за исчезнати 6 дена, се пронајдени живи и здрави без знаци на насилство врз нив!

Двајца млади браќа од Австралија, кои шест дена се сметаа за исчезнати, се пронајдени безбедни и здрави.

Дејвид Вудфорд (9) и неговиот брат Питер (12) последен пат биле видени како возат велосипеди во близина на нивниот дом во Кристи Бич во јужниот дел на Аделаида околу 17.15 часот попладне, минатиот вторник.

Полицијата на Јужна Австралија била известена за исчезнувањето на момчињата ноќта, но чекале пет дена пред да упатат јавен апел во неделата.
Тие потврдиле дека во понеделникот наутро двете момчиња биле лоцирани кај член на семејството и дека биле безбедни и здрави.
„Секогаш кога дете или младо лице е изложено на ризик, „Одделот за заштита на децата “тесно соработува со семејствата и владините и невладините партнери, вклучително и полицијата, сѐ со цел за да се грижи за нивната безбедност“, рекол портпаролот на јужноавстралиската полиција.

Полицискиот апел за пронаоѓање на момчињата е споделен повеќе од 6.200 пати пред да бидат пронајдени.

Роднина на момчињата претходно ја повика јавноста да се моли за нивна безбедност и праша зошто на полицијата и биле потребни пет дена да издаде предупредување.
Локалните жители исто така биле загрижени.

„Да се ​​исчезне за тој временски период и да не се слушне ништо, не е добро“.

„И јас имам малечки момчиња, така што фактот дека вашите деца се возеле на точаци и исчезнале среде бел ден не е најдоброто нешто што може да се слушне“.

Ова биле само некои од коментарите на локалните жители. Понатамошни објаснувања околу пронаоѓањето не беа споделени, но населението го смири фактот дека биде пронајдени живи и здрави.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *