ЧУДО: Исчезнатото момче Џо (8) во Германија пронајден како „лелека“ во канализација, една недела откако исчезна од својот дом

Младото  момче за чудо било пронајдено заглавено во подземна канализација од случаен минувач откако исчезнало од градината на неговите родители осум дена претходно.

Џо (8) живее со своите родители во Олденбург, Германија и исчезна мистериозно на 17 јуни.

Беше започната огромна операција за пребарување и учествуваа стотици локални жители, детективи и ракувачи со кучиња, но никаков знак од него не беше пронајден – сè додека случаен минувач не ја повика полицијата, известувајќи за „слаб звук на лелекање“ што доаѓа од канализацијата на 25 јуни.

Шетачот го слушнал звукот и повикал полиција. Полицијата, пожарникарите и другите служби за итна помош веднаш се упатиле на местото.

Спасувачките екипи дошле на местото на настанот, на околу 200 метри од семејната куќа. Кога екипите го подигнале капакот на шахтата, го нашле Џо на дното од канализацијата, успеале да го смират и пожарникар влегол во канализацијата за да го извлече.

Тој беше итно пренесен во болница страдајќи од хипотермија, но нема поголеми повреди и се очекува целосно да закрепне.

 

Со оглед на тоа дека на оваа улица поминувале многу автомобили и нивото на бучава е повисоко детето имало среќа дека некој го слушнал.

Полицијата сега истражува дали тој се изгубил или бил затворен, пишуваат германските медиуми, при што полицијата ја признала можноста некој намерно да го ставил таму. Тие исто така истражуваат како Џо успеал да преживее толку долго во атмосферскиот одвор на канализацијата.

Сега планираат да користат специјализирани роботи за да патуваат низ одводните канали и да се обидат да утврдат како Џо се заглавил таму. Поради теснотијата на канализацијата, не можеле да минат возрасни лица, потврди полицијата.

Пензионираниот лекар за итни случаи Питер Сефрин (81) за локалните медиуми изјави:
„На овие температури, топлината е важен фактор. Но, во каналот е природно поладно. Луѓето можат да преживеат добри три дена без вода и храна. Тоа не е проблем. Знаеме дека луѓето кои биле закопани преживеале во пештерите од капе вода од кондензација. Можеби тоа беше случај и овде“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!