Чудо на наукатата: Жена без матка родила дете, откако сестра ѝ ѝ ја „позајмила“ нејзината
Приказната на Шкотланѓанката Грејс Дејвидсон влезе во историјата – таа е првата жена во Обединетото Кралство што родила дете по трансплантација на матка. Заедно со сопругот Ангус, таа ја пречека нивната ќерка Ејми во лондонската болница Queen Charlotte’s and Chelsea. Ејми тежела само 2.04 кг – мало чудо со огромно значење.
Остварување на мајчинскиот сон
Грејс, на 36-годишна возраст, ја оствари својата најголема желба и покрај тоа што е родена без матка поради реткиот Mayer-Rokitansky-Küster-Hauser синдром. Нејзината сестра, Ејми Пурди, која веќе има две деца, ѝ ја донирала матката – чин на сестринска љубов што ѝ го промени животот.
„Секогаш имав мајчински инстинкт, но долги години го потиснував бидејќи беше премногу болно“, сподели Грејс. Ќерката го носи средното име Изабел – во чест на хирургот д-р Изабел Кирога, која ја водела медицинската екипа. „Чест и привилегија беше да ѝ помогнеме на Грејс да стане мајка“, изјави Кирога.
Но, тука не е крај…
Приказната ја воодушеви јавноста – илјадници споделија пораки на поддршка и восхит, нарекувајќи го овој момент „најголемиот дар во животот“ и „неверојатен научен пробив“. Една жена сподели: „Мојата сестра се надева на семејство и ова ѝ дава нова надеж“.
Планираат уште едно дете пред трансплантираната матка да биде отстранета, по што Грејс ќе може да престане со лековите што спречуваат одбивање на органот. „Нè снајде најголемиот дар што некогаш можевме да го посакаме“, вели таа.
Приказната на Грејс е симбол на надежта, моќта на науката и безусловната љубов – порака за сите кои сонуваат да станат родители.
Коментирај анонимно