Чупава Ката: Старата југословенска торта што ги буди најдлабоките емоции и на која ретко кој може да и одолее

Чупава Ката е повеќе од обичен десерт – таа е дел од нашето семејно наследство и омилена класика што ги будат најубавите спомени од детството. Овој колач е совршен избор за викендите, кој многу генерации низ Македонија и Балканот го негуваат со љубов и гордост.

Чупава Ката: Старата југословенска торта што ги буди најдлабоките емоции и на која ретко кој може да и одолее

Состојките: Првиот чекор до незаборавниот домашен колач

За да ја подготвите Чупава Ката, потребни ви се следниве состојки:
За тестото:
– 3 жолчки
– 3 лажици шеќер
– 150 грама маргарин
– 300 грама брашно
– 1 кесичка прашок за печење
За премачкување:
– 4 лажици мармалад
За филот:
– 150 грама ореви
– 3 белки
– 200 грама шеќер во прав

Состојките: Првиот чекор до незаборавниот домашен колач

Подготовка на Чупава Ката: Тајната на традицијата во неколку чекори

Жолчките и шеќерот изматете ги пенесто. Потоа додајте маргарин, брашно, прашок за печење и малку млеко, мешајќи сè додека смесата не стане мазна. Кога тестото е готово, поделете го на три еднакви дела. Едно парче веднаш ставете го во фрижидер или замрзнувач.
Тепсијата намачкајте ја и набрашнете ја. Првата топка тесто развлечете ја директно во тепсијата, премачкајте ја со мармалад. Втората топка развлечете ја на работна површина, па пренесете ја во тепсијата. Доколку се распадне, составете ја и прелијте го филот одозгора.
За филот, изматете ги белките, додадете шеќер во прав и ореви. Намачкајте го филот врз тестото, а потоа извадете ја третата топка тесто од замрзнувач и изрендајте ја над филот.
Печете на 200°C околу 30 минути.

Подготовка на Чупава Ката: Тајната на традицијата во неколку чекори

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *