Црква во Мексико ја направи најголемата статуа на „бебето Исус“, но луѓето ја забележаа само комичната страна од приказната
Мексиканска црква ја подигна најголемата светска статуа на Бебето Исус. Но, вистинското прашање е: дали личи повеќе на Фил Колинс или на Николас Кејџ?
Со висина од 6,7 метри и тежина од 907 килограми статуата патуваше 12 часа од градот Чималхакан до црквата Ла Епифана дел Синјор во централната мексиканска држава Закатека.
Изработена е од Роман Салвадор и ова е импресивна скулптура: но моќта што стои зад неа е засенета од нејзината необична сличност и на Фил Колинс и со Николас Кејџ. За среќа, за да се види каков е консензусот за статуата, Лора Мартинез објави анкета и резултатите беа многу, многу тесни.
Гласачите го фаворизираа Кејџ над Колинс, со 37% кои гласаа за него, наспроти 28% за вториот – сепак, вреди да се напомене дека 35% одговориле: „Не знам едноставно ме плаши“.
Направена од стаклопластика смола, автомобилска паста и автомобилска боја, статуата целосно го надминува претходниот носител на рекордот, кој е 4,8 метри во височина и тежи 300кг. Се разбира, ова е строго ограничено на статуи на Бебето Исус, возрасната верзија има многу поголеми статуи.