Црвениот крст го проширува обемот на своите активности како одговор на пандемијата од Ковид-19
Преку активирање на дополнителни мобилни тимови за поддршка на ранливи категории граѓани и обезбедување на неопходни материјали за Клиниката за инфективни болести во Скопје, Црвениот крст на Република Северна Македонија го проширува обемот на своите активности во борбата против корона вирусот. Финансиските средства за реализација на овие активности на Црвениот крст се обезбедени од Фондацијата на Coca-Cola компанијата и Пивара Скопје.
Поддршка за активностите на Црвениот крст даде и претседателот на државата кој ја посети организацијата и се сретна со членовите на мобилни тимови, упатувајќи им благодарност за нивната работа.
Услуги даваат 37 мобилни тимови кои ce задолжени за логистичка поддршка на ранливи целни групи од населението на територијата на целата земја. Сите мобилните тимови се активни секој работен ден, а нивната задача е да извршат неопходна набавка на лекови, прехранбени производи и средства за лична хигиена и истите да ги достават до домовите на старите, изнемоштени лица кои живеат сами, хронично болните, до семејства со лица со посебни потреби, самохрани родители и други ранливи категории граѓани на целата територија на земјата, за тие да немааат потреба да ги напуштаат своите домови, со што ќе се спречи ширењето на корона вирусот. Сервисната услуга што ја обезбедуваат мобилните тимови е бесплатна, а граѓаните ги плаќаат само артиклите или лековите што им се набавуваат.
За да се овозможи поголема ефикасност и оперативност на мобилните тимови, обезбедени се и дополнителни две возила кои им се дадени на располагање за нивните потреби.
Телефонските броеви на кои граѓаните можат да побараат асистенција од мобилните тимови, како и временскиот распоред на нивното функционирање се објавени во табелатата подолу, како и на интернет страницата на Црвениот крст – ckrm.org.mk
Ангажирани се и три медицински сестри кои ќе вршат домашна посета на територија на град Скопје. Нивната задача ќе биде да извршуваат посети на стари и немоќни лица во домашни услови, со цел примарна грижа за нивното здравје, помош во земање на дневна терапија со препишани медикаменти од матичниот лекар, проверка на крвен притисок и шеќер во крвта, како и психосоцијална поддршка.
Дополнително, во соработка со Министерството за здравство, од листата на приоритетни потреби за здравствените установи набавени се неопходни материјали за потребите на Клиниката за инфективни болести во Скопје, како поддршка во услови на зголемена фреквенција на пациенти.
Смеењето е најслатко кога е на своја сметка. Дознајте какви несекојдневни работи се случуваат во секојдневниот живот на Македонците на каналот Македонски несекојдневни ситуации. Испратете своја смешна слика или видео овде.