Да беше мама од Балканот „гејмерот на мама“ ќе го осетеше вкусот на папучата: „Мојот син тинејџер не го сака вкусот на водата па наместо тоа му давам енергетски пијалоци“

Австралиската мајка максимално се грижи нејзиниот 18-годишен син да има енергија за да игра игрици со тоа што стави ладилник за вода до него, го наполни со енергетски пијалак па сега кога и да ожедне тој си пие. „Еве како го одржувам мојот син хидриран“ – напиша мајката на видеото.

„Мојот син не го сака вкусот на обичната вода. Најдовме друго решение – ладилник за вода и Prime“.

Снимката ја покажува мајката опкружена со повеќе од 35 шишиња Prime Hydration додека го одвртува секое капаче за да го истури во ладилникот за вода.

„Со училишниот распуст, тој дури и не мора да излезе од својата соба за да се напие“, продолжи таа.

 

Додека Prime е означен како „пијалок за хидратација“ исполнет со електролити, постои загриженост дали спортскиот пијалок дава некакви придобивки. Направен е и со кокосова вода и вештачки засладувачи.

Многу нормално мајката наиде на многу остри критики.

„Водата има вкус?“

„Ова е многу тажно, брат, само стани од столот“, рече друг.

Сепак, три дена подоцна беше објавено второ видео, спортскиот пијалок беше заменет со вода. Ладилникот беше отстранет, испразнет и наполнет со вода пред да биде вратен во спалната соба на нејзиниот син за да може да остане хидриран додека игра.

„Тој го сака. Многу сум горда“, продолжи таа.

Браво за мајката, горда е дека синот не станува од столчето ниту за вода. Дефинитивно добитна ситуација.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *